Како да ги заведете најголемите заводници во хороскопот

Дознајте кои се најголемите заводници во хороскопот и како да ги заведете…

РАК

Како најемотивен и најчувствителен знак, на Ракот му е потребен нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Ја цени грижливоста и забележува ако правите добри дела. Ракот е предан љубовник….но ако го изневерите подготвен е за жестока освета.

Како да го заведете?

Ракот најдобро е да го заведете со романтично но спонтано заведување во опуштена атмосфера. Тој сака девојки кои пленат со својата интелигенција и кои се искрени. Ракот повеќе го цени спортскиот изглед отколку претерувањето во дотерување со скапи парчиња.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата е најсексуален хороскопски знак во зодијакот. На него не му е непозната манипулацијата за да ги задоволи своите сексуални апетити. Шкорпијата има хипнотичка привлечност, едноставен проблем може да биде неспособноста да ги спои емоциите во целата приказна.

Како да го заведете?

Не е лесно да го заведете, особено затоа што има навика тој да биде заводник. Но со чашка алкохол повеќе неговата бариера ќе попушти и ќе имате шанса да се претставите во најдобро светло.

СТРЕЛЕЦ

По природа тој е заигран и детинест. Затоа Стрелецот ќе остане засекогаш млад во срцето.

Поради својот темперамент иако е исклучително страстен спрема една личност, брзо добива потреба да се впушти во нови авантури.

За сите кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор, но за оние кои сакаат сериозна врска треба да го заобиколат, секако доколку е можно.

Како да го заведете?

Тој сака нежни допири. Многу му е важна смислата за хумор кај партнерката, Ако сакате да “смувате“ Стрелец, предложуваме да го изненадите и да бидете страсни. Нема таков Стрелец кој ќе се брани ако се обидете да го бакнете.

РИБИ

Овој Короскоски знак ќе ви понуди многу задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да удоволуваат и најсреќни се кога луѓето околу нив се задоволни. Кога мажот Рак ќе ја запознае љубовта на својот живот, нема да има проблем кој нема да се обиде да го реши со водење на љубов.

Како да го заведете?

Тој сака агресивен пристап и не сака да учествува во заведувачки игри, така да бидете смели кога ќе му пријдете.




Коментари

коментари