Како да го комбинирате карминот со шминка

kako-do-sovrsen-karmin-naslovna-810x529

Карминот на усните е најмоќното “оружје“ за заведување.

Во продолжение прочитајте како да го искористите најдобро што можете…

# Гламурозна пинк нијанса

Сјајните и нагласени пинк усни се секогаш добитна комбинација, секако ако не ги комбинирате со јак бронзер и темни сенки за очи.

Розовите нијанси на усните многу подобро се вклопуваат со свеж и сјаен тен и дискретно нагласени очи.

Исцртајтеги усните со моливче во nude нијанса, која е за нијанса посветла од вашата природна боја на усните. Потоа нанесете го карминот и врз него ставете малку сјај за усни, но само на средината.

# Црвени усни за секој ден

Со црвено моливче исцртајте ги рабовите на усните, но немојте да го користите врвот на моливчето туку држете го малку навалено за да добиете мека линија.

Потоа со истото моливче пополните ги усните. Моливчето за усни замислете дека е лак за нокти, а карминот дека е заштитен слој (top coat за лакот).

Откако ќе завршите со моливчето нанесете мат кармин, а потоа со прстот размачкајте ја бојата да добиете нежен ефект.

# Храбри нијанси

Јарки нијанси на усните не треба да ве плашат. Но пред да ги нанесете добро подгответе го теренот бидејќи секоја неправилност ќе делува нападно.

Затоа важно е да направите пилинг, а потоа исцртајте ги со моливче во боја на карминот кој имате намера да го нанесете. Потоа со четка нанесете го карминот.

Темно виолетовите нијанси се одлични но под услов тенот да ви е совршен.

Впечатлива флуросцентна портокалова боја е добар избор бидејќи одговара на сите нијанси на тен, но сепак најдобро стои на благо потемнет тен и од таа причина можете да ја комбинирате со топлите нијанси на бронзер.

# Полни nude усни

Nude нијансите можат визуелно да ги зголемат усните. Намачкајте ги усните со балсам и потоа неутрализирајте ја вашата природно розева боја со помош на коректор кој е за две нијанси посветол од вашиот тен.

Исцртајте ги усните со nude моливче (идеална е онаа нијанса која во целост ќе се стопи со вашите усни), а потоа со истото моливче пополнете ги усните.

Потоа нанесете кармин во боја која е најприближна на нијансата на средината на усните. Nude кармините кои изгледаат најприродно и најубаво на усните се оние со благ розев пигмент.




Коментари

коментари