Како да го комбинирате омиленото десертно вино?

Потребата за нешто слатко и вкусно, понекогаш е присутна кај секој од нас. Виното не е исклучок во тоа. По оброкот, ништо не одговара повеќе од слатко десертно вино кое најчесто се консумира во мали чаши во комбинација со омилениот десерт. Во овој вид на вино претставува совршено заокружување на вечерата.

Додека некои љубители на десертното вино уживаат пиејќи го без закуска, сепак поголемиот дел, десертните вина ги комбинираат со храна, како надополнување на вкусовите кои заедно создаваат комбинации од вистински слатки задоволства.

Доколку се прашувате кое е местото каде што можете да уживате десертно вино во комбинација со посакуваниот десерт, тогаш задолжително треба да го посетите Скај барот во Хотел Руссиа. Покрај најголемиот избор на специјалитети прилагодени за секој оброк во денот, кулминацијата предизвикана од задоволство на вкусови ќе ја доживеете со слаткото суво десертно вино кое го нуди овој ресторан во комбинација со десертот кој ќе го изберете.


Делот од менито на хотел Руссиа резервиран за слатки задоволства изобилува со вкусови во кои ќе се пронајдат и најпребирливите. Доколку сте љубители на чоколадните десерти, тогаш десертното вино може да го консумирате со неодоливата чоколадна торта. Ако посакувате лесно парче торта кое се топи во уста, тогаш со сигурност ќе ви се допадне рускиот десерт Медовик торта или пак сочното трилече кои штом ќе го вкусите ќе посакате уште едно парче. За оние кои обожаваат десерт во комбинација со прелив од овошје, совршената препорака е чизкејкот во Скај барот на хотел Руссиа, кој по својот уникатен вкус се разликува од сите други.

Изберете ја и вие вашата совршена комбинација на слатки вкусови и доживејте вистинска „Еуфорија“ со десертното вино на винаријата Камник и десертот кој најмногу ви се допаѓа. Без разлика во кој период од денот, секогаш е вистинско време за слатко задоволство.




Коментари

коментари