Категории

Како да го носите најголемиот тренд оваа сезона – Кадифе

Нема бегање од најголемиот тренд за оваа сезона, но прашањето е како да се носи кадифето во кежуал комбинации.. Одговорот е – многу едноставно. Вистина е дека кафифето е префинет материјал кој најчесто би бил избор при некоја свечена прилика, па доколку сеуште не сте одлучиле што ќе носите на новогодишната забава тогаш веќе го имате одговорот, долг елегантен фустан од кадифе со крој кој ја следи силуетата – вистинска модна кралица.

Луксузните брендови како Valеntino, Sonia Rykiеl, Erdеm во своите колекции го додадоа кадифето како главен спој помеѓу безвременското и софистицираното. Тие создадоа лепеза од кадифени комплети и фустани идеали за дневни и вечерни прилики. Са вас припремивме галерија од комбинации со кадифе кои ќе ви покажат како да го носите дури и на дневна прошетка без да изгледате како да сте тргнале на некој свечен прием.

Прегледи:
627
Објавено на:
02.11.2016