Категории

Како да го освоите мажот кој ви се допаѓа

Првиот состанок помина успешно, ледот е пробиен, а сега е време да се потрудите да го освоите неговото срце.

Верувајте мажите паѓаат на нешта кои никогаш не би ни текнале, затоа продолжете да читате.

# Поставувајте му здодевни прашања…звучи чудно но не е.

Секој на почетокот на врската сака да се покаже во најдобро светло, но тоа се само краткорочни нешта кои не создаваат поврзаност. Ако сакате да го импресионирате замолете го да ви раскаже нешто сосема здодевно за сам себе.

На тој начин ќе му покажете дека ве интересира како личност, а не само како убаво лице.

# Вклучете го во својот ден…на почетокот е паметно да го држите на дистанца и да не делите премногу приватни информации, но сепак треба да му дадете во увид некои делови од вас кои ретко кој ги познава.

Тоа не значи дека треба да му ја раскажете целата историја за себе, но можете да поделите каков ви бил денот, како сте се чувствувале и да му дадете некој детаљ од работното место.

Така нема да се чувствува исклучено, а нема ни да го гушите со непотребни информации.

# Замолете го да ви зготви нешто…мажите сакаат да се чувствуваат корисно, а ако при тоа можат да покажат и некој талент дефинитивно ќе уживаат во тоа.

Ако го замолите да ви зготви нешто ќе му дозволите да се прави важен пред вас, а кога ќе види дека уживате во неговите кулинарски способности, чувството на гордост за него ќе се претвори во “дрога“ без која нема да може.

 

Прегледи:
533
Ознаки:
· ·
Објавено на:
19.05.2016