Како да го зајакнете имунитетот? Следете ги овие совети и ќе бидете здрави во текот на зимата

Два пати годишно, во пролет и во есен, треба да се земаат витамински додатоци по поголема мера. Уште сега треба да почнеме да внесуваме витамини и минерали за да го појачаме имунитетот на организмот за престојниот период.

Затоа важно е да внесуваме домашна храна и што повеќе готвена храна, а пржената храна и шеќерот да ги исфрлиме од менито колку што е можно повеќе. Посебно внимание треба да се обрати на намирниците богати со антиоксидансите (А, Ц, Е и цинк) затоа што имаат значајна улога во зајакнувањет на имунитетот.

1. Премногу шеќер го убива имунитетот

Минералите како цинк, железо, магнезиум и селен, имаат важна улога во зголемување на имунитетот и енергијата. Но, доколку внесувате премногу шеќери, резултатите нема да бидат видливи. Шеќерот го поништува делувањето на минералите и буквално го  “убива” имунолошкиот состав, бидејќи поттикнува размножување на вируси и бактерии. За зајакнување на имунитетот помага и витамин Ц, кој поттикнува апсорпција на железо.

2. Одвојте барем 45 минути за шетање во текот на есента

Витаминот Д помага при апсорпција и зачувување на калциумот и фосфорот во телото кои се многу важни за здрава коса. Изворите на витаминот Д се млеко, рибино масло и жолчка. Потребната доза на витамин Д може да ја добиете и со поминување време на воздух и сонце, во есен и зима најмалку 45 минути.

3. Често воспаление на грлото е знак на недостаток на витамин Б2

Рибофлавин, попознат како витамин Б2, му помага на телото да ја претвори храната во енергија. Добар извор на витаминот Б2 се сите видови на интегрални лебови и житарици, а го има и во млечните производи, зеленчукот, рибата. Недостаток на Б2 може да предизвика пукање на аглите на устата, постојано воспаление на грлото, исфрлање на кожата, виолетова боја на јазикот и пречувствителност на светлина.

4. За здраво срце јадете житарици, зеленчук…

Магнезиумот овозможува здрава функција на нервите и мускулите, вклучувајќи го и срцето. Од витална важност е за растот и развитокот на коските, а исто така е поврзан и со апсорпцијата на калциум. Добар извор на магнезиум се житариците, мешунките, семињата, како и зеленчукот, оревите, лешниците.

5. Со лук против вирусите

Во борбата против сезонската вироза и инфекциите помага и лукот. Доколку вкусот ви е прејак, џвакајте го и внесете го во организмот со помош на вода. Лукот има антисептички својства и го спречува развитокот на вируси и бактерии во усната празнина и системот за дишење.

 

 

 

 




Коментари

коментари