Како да изгледате модерно оваа есен (на едноставен начин)

Чипкани топови, фустани од антилоп, блузи кои ги откриваат рамената и сукњи со копчиња се само дел од парчињата кои сакате да ги носите преку летото, а кои многу лесно можеме да ги “префрлиме“ и во следната сезона.

Нема потреба да се откажуваме од омилените парчиња кога можеме да ги носиме и во текот на малку поладните денови.

Прочитајте ги следните идеи и инспирирајте се за наредната сезона…

1. Блејзер преку џемпер во комбинација со фармерки и полу длабоки чевли.

2. Чипкана блуза под рамен фустан од антилоп, а од обувки облечете чизми и ќе постигнете шик и модерен изглед.

doekajte-ja-esenta-vo-moderno-izdanie-02
3. Играјте си со пропорциите така што слоевито ќе облечете долг џемпер без ракави преку килоти панталони. Балетани се совршени за оваа комбинација.
doekajte-ja-esenta-vo-moderno-izdanie-03

4. Крем капут врз маица на риги со антилоп сукња и папучи на штикла или платформа.

doekajte-ja-esenta-vo-moderno-izdanie-04

5. Нежно розов џемпер врз класична бела кошула со фармерки и штикли во nude боја. Одлична деловна комбинација.

doekajte-ja-esenta-vo-moderno-izdanie-05

 6. Маица која се врзува околу струкот е сама по себе доволен детаљ, но ако на тоа додајте и кардиган, фармерки и впечатлива торба знајте дека нема да згрешите.

doekajte-ja-esenta-vo-moderno-izdanie-06

 7. Маичка која ги открива рамената со марама околу врат, тесни фармерки, сандали и тексас јакна се додатоци кои одговараат на секоја сериозна и модерна дама.

doekajte-ja-esenta-vo-moderno-izdanie-07




Коментари

коментари