Категории

Како да изгледате самоуверено 24 часа

Кога ќе влезете во просторија и се чувствувате како бледа сенка, престанете да се фокусирате на она што треба да го кажете за да изгледате како да имате самодоверба и наместо тоа мислете што треба да направите.

Тука на помош ни излегува експертот за невербална комуникација Joe Navarro, кој ни дава неколку совети кои не вклучуваат ниту еден изговорен збор.

Тој ни помага да проектираме моќна слика за себе.

Па драги дами еве на што треба да посветите внимание:
# Додека стоите држете го грбот исправено

Исправен грб (рамената стојат наназад, двете раце ги држите позади грб), но оваа положба нема да има ефект ако држите потсетници или некакви материјали во рацете, но обидете се да го задржите овој став ако рацете ви се слободни.

Овој начин на поставување на телото е многу удобен и пријатен и креира моќна слика за вас. Според зборовите на Joe Navarro, станува збор за поза која дава добра вибрација и која говори дека сте посебна.

Не само што самата положба делува авторитетно туку ви овозможува да се воздржите од правење на погрешни чекори како пипкање на делови од телото или играње со накитот кои откриваат дека личноста е нервозна или несигурна.

# Поставете ги дланките во положба на кула

На многумина од нас ни се случило да се исправиме и да почнеме да зборуваме гласно и јасно на важните состаноци или на интервјуто за работа, но во сето тоа често не знаеме што да правиме со рацете.

Нешто едноставно како кула (рацете стојат напред и се поставени во триаголник, додека прстите се допираат) зрачи со самодоверба и тоа е така без разлика дали седите или стоите.

 # Одмарајте ги рацете во скут

Се започнува со ракување или убава прегратка за потоа прстите да се стиснат во тупаница.

Никој за тоа не размислува, но би требало. Биолошки нагон е кога сме нервозни да стискаме тупаница.

Но ако вашите прсти се нормално раширени, тие сигнализираат дека сте сигурна и опуштена.

# Заборавете го правилото жената треба да седи, а мажот да стои

Кога некој седи со самото тоа е во инфериорна позиција, додека личноста која стои е во супериорна, вели Navarro.

Тој сугерира да станете секогаш кога имате важен разговор или настап, но тоа да го правите и кога сакате да ја поентирате перцепцијата на својата самодоверба.

А еве што треба да избегнувате:
# Немојте инстинктивно да ги поставувате своите раце на колковите

Тоа секако дека изгледа прекрасно кога актерките го прават на црвениот тепих, но во реалниот живот рацете на колкови се сметаат за непријателска интеракција.

Воедно тоа е многу територијална позна и затоа би требало да ја избегнувате.
# Немојте да ги собирате своите предмети на еден куп

Ако имате состанок со повеќе соработници и шефови, немојте да се трудите да бидете педантна и да ги соберете својот телефон, материјалите, својата чаша вода на еден мал куп.

Наместо тоа раширете се, ние ја прошируваме својата територија кога сме самоуверени вели Navarro.

# Немојте да го допирате своето тело

Поигрувањето со косата, допирањето на панталоните или прегрнувањето на рамената додека се смеете покажува дека сте по малку нервозна.

Некои од овие знаци се многу важни ако сакате да флертувате, но кога се обидувате да оставите впечаток на цврста и моќна позиција тогаш избегнувајте ги.

Исто така никако немојте да ги допирате вратот тоа го прават луѓето кои немаат доволно самодоверба.

December 8, 2011 - Hollywood, California, U.S. - Director Angelina Jolie of the film ''In the Land of Blood and Honey'' in Los Angeles, CA on December 8, 2011, Image: 291892964, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Zuma Press - Archives

 

Прегледи:
441
Објавено на:
11.07.2016