Како да ја разбудите постојаната свесност кај децата

Во психологијата терминот постојана свесност (mindfulness) се дефинира како состојба на умот која се постигнува со насочување на свесноста кон сегашниот момент, притоа препознавајки и прифаќајки ги чувствата, мислите и телесните сензации кои се случуваат  во истиот тој момент.

Постојаната свесност е особено важна во животот на секоја индивидуа бидејќи помага да се справиме со секојдневнието и сите проблеми и предизвици кое ги носи, да се опоравиме после тешки периоди и секако да достигнеме состојба на подобро физичко и ментално здравје.

 

Практикувањето на постојаната свесност надвор од училницата или домот, ни дозволува да се поврземе со природата.

 

Сите ние зависиме од сонцето за енергија, од земјата за храна, од дрвата за воздух и од водата за течност. Но, во нашето секојдневие исполнето со обврски, многу често овие работи ги земаме здраво за готово.

Практикувањето на постојаната свесност го исклучува ‘автопилотот’ кај нас, ни дозволува да застанеме, да направиме пауза и да го искусиме моментот во сегашноста, да бидеме благодарни на сите овие елементи кои нѐ снабдуваат со живот.

Моите ученици ми кажуваат дека по овие вежби многу често имаат ‘моменти на постојана свесност’ каде што забележуваат и ценат сѐ што се наоѓа околу нив.

Следуваат неколку едноставни вежби кои може да ги практикувате со вашите деца или ученици, а помагаат во развивањето на постојаната свесност.

Вклучување на 5те сетила

Најпрво, излезете надвор и седнете на земја. Кажете им да се наместат удобно, да има простор помеѓу сите нив, но да бидат на не многу голема дистанца од вас.

Прв дел

Кажете им да ги затворат очите и да вдишат длабоко неколку пати. Потоа, насочете ги да се концентрираат на звуците околу нив. Дали можат да ги слушнат птиците, гранките на дрвата или другите звуци наоколу?

Нивното внимание природно ќе се насочи кон нивните мисли, но на секоја минута или две потсетувајте ги да го насочат повторно кон звуците на природата.

Втор дел

Прашајте ги дали го чувствуваат сонцето на нивната кожа-на рацете, лицето или било кој дел од телото кој е изложен на сончевите зраци.

Насочете го нивното внимание токму на тие делови на телото каде што го чувствуваат сонцето, потсетувајки ги дека целиот живот и енергија на Земјата доаѓаат токму од сонцето.

Трет дел

Кажете им да го почувствуваат воздухот кој се движи по нивната кожа. По неколку минути, насочете ги да се концентрираат на одреден дел од телото каде што го чувствуваат воздухот и да се задржат со фокусот на тој дел уште малку.

Четврт дел

Сега, насочете го нивниот фокус на положбата на нивните тела. Нека го почувствуваат своето тело како седи на земја. Почнувајки од нозете па се до главата, нека замислат како се поврзуваат со земјата и нека почувствуваат како земјата им дава потпора.

Петти дел

Следно, кажете им да се поврзат со своето дишење. Нека се фокусираат на него 1-2 минути и нека посветат внимание на секое вдишување и издишување одделно.

Нека замислат како воздухот кој влегува и излегува од нивните гради доаѓа од дрвјата.

Шести дел

Завршете ја оваа практика со вежба за искажување на благодарност. Прајаште ги вашите ученици или деца кое е нивното омилено место или омилена работа од природата. Сеедно дали е некој парк, река, езеро, дрво или некое животно-било што им доаѓа на памет. Штом ви кажат, насочете ги со мислите кон тоа. Нека испратат благодарност кон тоа место или таа појава. Потсетете ги колку е убаво што тоа постои и колку ние треба да го вреднуваме.

Штом завршите, кажете им полека да ги отворат своите очи.

Потоа, може да имате дискусија за тоа што искусиле во текот на вежбите, кој дел највеќе им се допаднал а кој најмалку…

Совети за водење на овие вежби:

1.Користете ја вашата интуиција за да одлучите колку долго да се задржкте на секој дел од вежбата. Целата вежба не би требало да трае повеќе од 25-30 минути.

2.Може да развивате дискусии и помеѓу секој дел од вежбата.

3.Вашиот тон на гласот треба да биде нежен и смирувачки.

4.Идеално би било доколку вие, пред да ја правите оваа вежба со вашите ученици, ја направите сами неколку пати.

 

 

Бреинобреин Европа

http://brainobrain.com.mk/




Коментари

коментари