Како со исхрана да ја заштитите вашата кожа во летниот период?

Летниот период е време кога треба да размислуваме за заштитата на нашата кожа многу повеќе отколку во останатиот дел од годината.

Во лето поголемиот дел од денот го поминуваме надвор и повеќе сме изложени на посилните сончевите зраци, а кожата е многу важен витален орган и мора добро да ја заштитиме.

Таа не штити од повреди, инфекции, топлина и светлина. Кожата ја регулира телесната температура и ги складира: водата, мастите и витаминот Д. Убавата, здрава и негувана кожа е одраз на добро здравје.

Еден од најголемите надворешни непријатели на кожата е сонцето, поточно УВ зраците кои сонцето ги емитира. Кога кожата е предолго изложена на сонце, доаѓа до создавање на слободни радикали, кои го оштетуваат ткивото на кожата и ја намалуваат нејзината еластичност и влажност. Како видливи знаци на оштетувањето се јавуваат: брчките, темните флеки и изгоретините од сонце. Тоа што, меѓутоа, не можеме да го видиме со голо око, треба уште повеќе да не загрижува. Тоа се оштетувањата кои настануваат поради делувањето на УВ зраци, а кои не можеме да ги видиме со голо око. Токму тие оштетувања го зголемуваат и ризикот за појава на кожен рак.

Користењето на креми со заштитен фактор, покривање на деловите на телото кои се изложени на сонце со облека, како и седење под сенка, сеуште се меѓу најдобрите методи за заштита на кожата. Покрај тоа, најновите испитувања укажуваат на тоа да неколку хранливи состојки може ја заштитат кожата од оштетувања или, дури, и да помогнат при заздравувањето на веќе оштетената кожа. На тој начин тие влијаат и на намалувањето на ризикот од појава на рак на кожата.

Во клиничките студии, најмногу се испитувало делувањето на антиоксидансите: бета каротинот, витаминот А, Ц, Е, на селенот и на цинкот.

Бета каротин

Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот со сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (морков, диња, крушка, јаболко, спанаќ). Кога се препорачува консумирање на „обоено“ овошје и зеленчук, се мисли, всушност на бета каротинот.

За сега нема препорачан дневен внес за каротеноидите, бидејќи тоа што е утврдено во експериментите на животни, не е потврдено и кај луѓето. Но, затоа постои општото познато правило за консумирање на 5 дневни оброци на овошје и зеленчук. Врз основа на бројните испитувања, утврдено е дека 15 мг дневно, може да помогне и да не даде никакви несакани ефекти. Многу луѓе се уверени во логиката да „поголеми дози, подобро делуваат“, па претеруваат со земање на високи дози и предизвикуваат жолтило на кожата (ксантоза).Не се препорачува да се премине дозата од 60 мг дневно.

За лица кои консумираат разновидна храна, богата со овошје и зеленчук, не може да се зборува за дефицит на бета каротен, но, кај лица кои не консумираат таква храна, дефицитот е можен.

Лицата кои долго време земаат бета каротен, би морале да земаат и витамин Е, бидејќи бета каротинот има особина да го намалува нивото на витаминот Е во крвта.

Антитуморското делување е само една од бројните функции на бета-каротинот, бидејќи е јак антиоксиданс, неговата улога во заштита и поттикнување на одбранбените сили е многу значајна посебно кај постарите лица, а на тој начин индиректно е вперен против останатите закани кон здравјето на човекот! Превенцијата од ноќно слепило и преосетливост на светло се неговите следни функции. Бета-каротинот ја штити кожата од штетниот спектар на УВ зрачењето па освен во кремите за сончање се препорачува и интерно, неколку недели пред појако изложување на сонце. Тој е „ангел чувар“ на алкохоличарите па дури и на оние кои се заболени од AIDS (сида).

Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Според некој истражувања, бета каротинот го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.

Без оглед на тоа што за механизмот на неговото делување сеуште се расправа, бета каротенот е суплемент, кој се пепорачува да се внесува во организмот, пред да се тој изложи на сонце или на други извори на УВ зрачење.




Коментари

коментари