Како да направите совршени локни без топлина ?

Дали некoгаш им завидувате на жените со ракошни, здрави и совршено обликувани локни ? Со помош на овој трик – вие ќе бидете таа на која ќе и завидуваат за косата.  Овој трик го прави една девојка, која нагласува дека не употребува никаква топлина ни од фен, ни од преса или фигаро. Се е природно и не се оштетува косата.

За овие неверојатни локни потребно ви е малку восок или пена за коса за локните подобро и подолго останат совршени. Една тенка четка за коса и шноли. Доколку сакате поголеми локни, ќе земате повеќе коса од едно место, доколку сакате поситни локни, ќе земате мали прамени.

  1. Треба да издвоите еден прамен, па нанесете пена или восок.
  2. Завиткајте го (слика)
  3. Замотајте го во мини пунџа.
  4. Зацврстете го со шнола на темето на главата.

Постапката е иста за цела коса. Така завитканите мали пунџи ги држите барем еден час. Проценете колку време е потребно според типот на вашата коса. На некои девојки и половина час им е доволно. Откако ќе ги извадите шнолите, полека со прсти одмотајте ја косата. Не чешлајте.

 

Готово !

Погледајте го видеото за подетално објаснување.

 

 




Коментари

коментари