Како да го избегнеме вишокот на килограми за време на есенските и зимските денови?

Ако сте личност која лесно качува килограми за време на есенските и зимските денови, не грижете се, затоа што не сте единствени.

Многу од луѓето за време на ладниот период се помалку физички активни, некои со задоволство би останале дома, под топлото ќебе, но има и луѓе кои често ги фаќа депресија. Исто така, за овој период карактеристични се многу празници, слави, кои нудат изобилство на нездрава храна, што е причина за зголемените килограми.

Како да си помогнеме? Во прилог ви даваме неколку совети.

Јадете домашна приготвена храна. Трудете се и на работа да носите домашна храна, така што секогаш ќе имате здрав оброк. Секако, секогаш покрај себе имајте и шише вода.

Ако се чувствувате депресивно, побарајте утеха во најблиските, во вежбањето или во некое хоби кое ве прави среќни. Најлошо нешто што можете да го направите е да легнете во кревет и да чекате депресијата да помине сама по себе.

Исто така, подгответе си и есенски рецепти. Нема причина да се откажете од храната која најмногу ја сакате. Многу е битно храната да ја готвите на поздрав начин и да избегнувате масло и шеќер.

И за крај, вежбајте. Додека вежбате, телото го лачи хормонот среќа, што ќе ви помогне да се чувствувате среќно после тренингот.




Коментари

коментари