Како да носите џемпер, а сепак да изгледате шик

Зимата знае да биде навистина сурова, а студот и мрачното време не тера да се облекуваме во потемна гардероба и што подебела, тоа поубаво. 

Но, кога станува збор за излегувањето со пријателите или одењето на работа, дебелиот џемпер не ни изгледа најсоодветен. Ова се неколку инспирации кои ќе ви покажат како да го носите дебелиот шарен џемпер и за излегување, на работа или пак за лежерна прошетка. Време е да излеземе од здодевното сивило и да внесеме малку топлина и шаренило во секојдневието.

Во комбинација со добри фармерки, шик чизми и чанта и тренди обетки, џемперот ви е идеално парче за пијачка со пријателите. 

Џемпер во канцеларија? Секако дека може, искомбиниран со панталони и елегантни чевли, џемперот добива пософистициран изглед. 

Слободно ставете го џемперот во панталоните со широки ногавици, облечете патики и спремни сте за топла прошетка низ град. 




Коментари

коментари