Како да се облекувате како девојките од Њујорк

Њујорчанките се надалеку познати по својот екцентричен стил на облекување и несомнено тие се диктаторки на високата мода ширум светот. Доколку сакате да додадете малку њујоршки шмек во вашиот стил, тогаш следете ги следните чекори.

1434482479-1434475346-untitled-1

Њујорчанките буквално „се колнат“ во своите чевли. За нив тие се свето нешто а доколку погледнете во нивните плакари невозможно е да останете рамнодушни. Свесни сме дека чекорењето по улиците на високи потпетици е доста тешко но запомнете убавината е болка. Но да не одиме до крајности, можете да изгледате божествено и во ниски обувки.. И запомнете едно правило при купувањето на чевли „Купете ги оние во кои би сакале да го покорите светот!“

 

1434482491-1434475502-untitled-1

Аксесоарите се најважниот детал во секој аутфит. Изберете необични парчиња во сребрена или златна боја и оставете тие да „зборуваат за вас“.

 

1434482511-1434404957-54bc06aaa410d-hbz-street-style-nyfw14-day1-08-aimee-song-de-lg

Не плашете се да комбинирате повеќе дезени, бои и принтови во еден аутфит. Њујорчанките тоа го прават толку самоуверено. Додадете аксесоари кои прават значителен контраст и запомнете дека што и да носите морате да го носите со многу став, женственост и самодоверба. Тоа е нивната тајна!

 

1434482506-1434472986-hbz-new-yorker-03

Очилата за сонце се заштитен знак на девојките родени во Њујорк. Овој град е доста сончев но било така или не тие повеќе ги носат очилата како аксесоар отколку како потреба. Затоа не изоставајте ги во никој аутфит.

 

1434482499-1434476184-gettyimages-180136086

Најважното правило во стилот на овие девојки е уредноста и чистотата. Грижете се за вашата облека редовно таа да е чиста и испеглана. Посветете особена грижа на вашата коса и одвојте од своето скапоцено време да за средување на расцветаните врвови и изгубениот сјај на фарбата.

 

1434482487-1434472781-hbz-new-yorker-01

Чантите се свет аксесоар за њујорчанките. Тие секогаш ги имаат крај себе, било тоа макси чанта во која собира буквално се, или пак малечката слатка Шанел. Но секако не е неопходно да носите бренд доколку сакате да изгледате како нив, доволно тоа да е чанта која ќе биде ваш печат.

 

1434482466-1434472888-hbz-new-yorker-04

Кожната јакна е задолжителна. Девојките родени во Њујорк ја носат и во лето и во зима, во секое време со секаква комбинација. Таа дава уникатен шмек и со неа се изгледа толку шик.

 

1434482471-1434401321-gettyimages-455024366

Кралицата на боите – црна!
Да токму така, трендовите на боите се менуваат од ден на ден, но црната никогаш не останува поразена. Погрижете се да имате многу парчиња облека во црна боја, затоа што кога и да имате потешкотии при комбинирањето на бои, црната решава се, и во исто време додава елеганција, префинетост и софистицираност.

 

Подготви: Кукла од Памук

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 




Коментари

коментари