Како изгледа божиќна атмосфера помножена со 5?

Божиќните празници наближуваат, а со тоа Божиќната еуфорија станува се поголема и поголема. Но сте помислиле ли како би изгледала Божиќната еуфорија помножена со пет?

За тоа не размислуваа ни Бријана и Јордан Дрискел, се до мај оваа година кога во дваесет и осмата недела се роди петорката Зои, Ашер, Дакота, Гавин и Холин Дрискел. Секој од нив тежеше помалку од 3 килограми.

За голема среќа, се вратија дома во јули и сега заедно со нивните родители се подготвуваат да го прослават својот прв Божиќ.

Фотографот Ешли Чилерес ги фотограгираше петте бебиња и им направи прекрасни фотографии. Таа призна дека фотографирањето на деца не е никогаш лесно, но сепак, овие близнаци го направија најдоброто.

Погледнете ги нивните слатки фотографии.




Коментари

коментари