Категории

Како изгледаат денес близнаците на Анџелина Џоли и Бред Пит?

Во 2008 година, најубавиот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит ги дочекаа на свет своите близнаци Нокс Леон и Вивиен Марчелине. Беа прекрасни мали бебиња, кои и тоа како личеа на убавите родители. За нивната прва ексклузивна фотосесија магазините People и Hello платија вртоглави 14 милиони долари! Денес близнаците имаат 8 години.

b2

За оние кои се прашувавте како изгледаат денес, погледнете ги на појавувањето на премиерата на филмот „Kung Fu Panda 3“. Се појавија заедно со Анџелина, но и останатите браќа и сестри Сило, Захра и Пакс.

b3

Имено, сите деца синхронизираа улоги во овој анимиран филм, освен Вивиен. Сепак, таа се појави заедно со нејзината мајка во филмот „Maleficent“, каде што ја глумеше малата принцеза Аурора.

Прегледи:
2661
Објавено на:
14.07.2016