Категории

Како ќе се вика третото дете на Кејт и Вилијам- Ова е листата на имиња кои имаат најголеми шанси

Во април 2018-та, принцот Џорџ и принцезата Шарлот ќе добијат брат или сестра. Но, кралското семејство како и секогаш, не го открива ниту полот ниту пак името на третото дете.

По долги анализи, дојдено е до следнава листа на имиња кои имаат најголеми шанси.

Ако е девојче:

Алис – по ќерката на кралицата Викторија и принцот Алберт.

Мери – по кралицата Елизабета II, чие целосно име е Елизабета Александра Мери.

Викторија – по кралицата Викторија.

Александра – по средното име на кралицата Елизабета.

Дијана – по принцезата Дијана.

Елизабета – во чест на кралицата Елизабета, ова име беше во топ 3 имињата и за принцезата Шарлот, но остана неискористено.

Френсис – по средното име на принцезата Дијана (Дијана Френсис Спенсер)

Ако е момче:

Алберт – по сопругот на кралицата Викторија, принцот Алберт.

Артур – по Вилијам и Чарлс, кои имаат Артур во нивните целосни имиња.

Фредерик – ова име произлезе од кладилниците кои типуваат дека е третото име по ред со најголеми шанси.

Хенри – по вујкото, принцот Хари, чие целосно име гласи Хенри Чарлс Алберт Давид.

Џејмс – по многу кралеви низ историјата кои го носеле името.

Филип – по прадедото, принцот Филип. Вилијам исто така има Филип во неговото целосно име (Вилијам Артур Филип Луис).

Прегледи:
350
Објавено на:
27.03.2018