Како освојуваат хороскопските знаци?

Дали некогаш сте се запрашале кој хороскопски знак со што може да ве освои? Секој од нив си има своја тактика и стратегија кога станува збор за заведување. Секој човек е поинаков и различно им пристапува на симпатиите од спротивниот пол, но ова се општо прифатените карактеристики и постапки со кои освојува секој хороскопски знак.

Овен

Тој – Како роден освојувач, не заобиколува многу, а очите веднаш започнуваат да му играат кога ќе го погледне потенцијалниот “плен”. Не бира ни место ни време бидејќи е премногу нетрпелив и тргнува во напад истиот момент кога ќе ја погледне.Директен е, шармантен и отворен, а знае да насмее со вицеви и детали од својата биографија, сѐ додека девојката не прифати повторно да се види со него.

Таа – Исто така директна и секогаш спремна да го заведе и освои оној кој ќе ѝ падне во очи. Ќе го фати за краватата (ако носи) или за брада, нежно ќе го повлече кон себе и со најшармантната насмевка на светот, ќе му каже: “Ти си мој!” Ако тој што ѝ се додворува ѝ се допаѓа, ќе игра малку недопирлива, а потоа ќе го остави да ја освои. Доколку ѝ станете досаден, таа отворено ќе ви каже, така што, со Овните секогаш сте на чисто.

Бик

Тој – Обожава да заведува и да се додворува. Сигурно ќе ве однесе на ручек или вечера во својот омилен ресторан каде сите го познаваат. Ќе порача некои најквалитетни специјалитети, најдоброто сортно вино и цело време очите ќе му бидат вперени во вас , па на крајот вие ќе бидете таа која ќе му јаде од раце.

Таа – Бира на кој ќе му дозволи да се труди околу неа, да ја заведува и да ја освојува. Таа ќе го обожава вашиот шарм, став, однесување и џентлменски манири, но оној што и е  досаден без проблем може да го откачи. За да ѝ се допаднете на жена Бик, треба да имате онолку самодоверба колку што имате и пари, а притоа да умеете да ја заведете – со поглед и допир.

Близнаци

Тој – Неодоливо забавен, шармантен и информиран за сѐ. Многу девојки нема да можат да му одолеат, па ќе сакаат веднаш да го однесат дома. Неговиот шарм и ноншалантната заводливост веднаш ќе ги освои срцата на сите девојки.

Таа – Изгледа како мало девојче и често така и се однесува кога сака да заведе и освои. Како камелеон се прилагодува на различни ставови и однесувања. Флертувањето е составен дел од нејзиниот карактер, иако брзо губи интерес кога ќе забележи дека сте фатени во нејзината мрежа. Ако постојано ја “измачувате”, таа ќе трча по вас.

Рак

Тој – Веднаш ќе им се допадне на мајките и бабите. Девојките ги освојува со неговиот поглед. Постојано зборува за неговото детство, бабите, дедовците, тетките и колачите.Токму таа е техниката со која ги шармира девојките, додека ги гледа со неговиот занесен поглед. Дури и кога со друштвото пие и наздравува во кафеана, тој размислува за неа.

Таа – Умее со секој маж, може да заведе и освои кого ќе посака, само ако сака. Женствена е,  грижлива и полна со разбирање. Во исто време, ќе се потруди да уживате во слатките колачи кои ќе ги направи само за вас. Кога ќе ви кажува за децата на нејзината сестра и нивните игри, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.

Лав

Тој – Ќе се потруди да ги воодушеви девојките уште со првата средба со приказните за неговите успеси на училишните натпреварувања, спортските терени. Ако девојките го прашаат што е во хороскоп, тој со сигурност ќе одговори: “Не се гледа?”  Џентламенските манири и чувството дека сите погледи се вперени во него,  девојките покрај нив да се чувствуваат дека се на врвот на светот.

Таа – Плени со атрактивната појава и став во кој ќе препознаете малку глума и блефирање, а ќе ви се допадне до толку што ќе се најдете воодушевени од слушањето на ѕвечкањето на нејзиниот накит. Нејзината глава ја држи како на неа да има круна и тоа го прави толку природно.Ужива во воодушевувањето од нејзините обожаватели и додворувачи. Ќе ве остави да ја освоите само доколку таа процени дека сте вредни за нејзиното внимание.

Девица

Тој – Уште при првата средба ќе се потруди да воодушеви со знаењата од областа на науката, економијата, автомобилизмот, градинарството и други практични детали од секојдневниот живот. Трпеливо слуша додека девојките се жалат за нивните постојани проблеми. Токму поради оваа доблест девојките сфаќаат дека мажот девица е верен и дека секогаш ќе биде до нив кога и да им е потребен.

Таа – Прекрасна, комуникативна, малку воздржана- што ја прави интригантна за спротивниот пол, Честопати манекенски градена (особено кога е млада),  жената девица без проблем ги заведува и освојува мажите. Умеат долго да ве исслушаат додека ѝ зборувате на било која тема. Особено е чувствителна на туѓите проблеми и маки, па со неа, секогаш ќе имате рамо за плачење.

Вага

Тој – Пред секој заводнички потег или освојувачки поход, ќе се потруди неговата коса да биде беспрекорно чисто, гардеробата доволно елегантна. Доколку сето ова не е во ред, нема да се чувствува доволно добро за да заведува. Со него, секоја девојка ќе се чувствува како вистинска дама, а тој секогаш џентлменски ќе ѝ ја бакнува раката, ќе ѝ го придржува палтото, ќе ѝ ја отвара вратата од автомобилот, ќе и подарува цвеќе и нештедливо ќе ѝ дели комплименти.

Таа – Е родена како заводничка, а ако забележи дека не тргате очи од неа, ќе глуми воздржана бидејќи ужива кога некој ѝ се воодушевува. Поради вродениот шарм, мажите ги освојува со леснотија, па често ѝ е непријатно кога треба да одбие нетрпелив, досаден или наметлив додворувач.Невоспитаноста и вулгарноста не ги поднесува, па често умее да возврати со иста мера.

Скорпија

Тој – Заведува со поглед и допир и нема девојка која не може да ја освои. Ниту неговиот изглед, ниту неговите години немаат врска со моќта на заведување и освојување бидејќи скорпијата е вистински магнет за жени: доволно галантен, доволно таинствен и упорен, па ретко која припадничка на понежниот пол може да му одолее.

Таа – Бира, заведува, освојува и продолжува понатаму… Доколку за момент претстанете да ги задоволувате нејзините строги (пред сѐ еротски) критериуми, може да ве остави. Опасна, страствена и неуморлива, жената скорпија сака мажот кој ќе го избере да биде нејзина сопственост.

Стрелец

Тој – Сака ветар во коса, избледен џинс, брзо возење и радио до крај во колата, па уште кога ќе пронајде згодна автостоперка, на повидок е авантура и романса. Без оглед колку години има, мажот стрелец секогаш е спремен да заведува (макар и на кратко, што него најмногу му одговара), а во освојувачки походи најчесто тргнува кога е на одмор или кога е далеку од дома (колку смешно и да звучи, тој секогаш води сметка за тоа што неговиот сосед ќе помисли за него).

Таа – Младолика, ведра, елоквентна, ви влева доверба до таа мера што ви се чини дека ја познавате отсекогаш, а нејзината потреба за интелектуална полемика ве импонира без оглед на нивото на вашето образование. Истовремено, жената стрелец дрско ќе ве заведе со своите нозе.Ќе планира патувања со вас иако не ве знае доволно добро,  додека вие воодушевено прифаќате. А зошто не би прифатиле?

Јарец

Тој – Гори од желба да седи во присуство на девојки, да гледа и да ужива. Но, ќе поцрвени при првиот допир (особено додека е млад). Не знаејќи како да покаже дека е воодушевен, несмасен е и помалку трапав, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе се започне било која тема поврзана со образование.Тогаш девојките ќе го гледаат со воодушевување и стравопочит потајно размислувајќи како се бакнува.

Таа – Вистински оган. Припадничките на овој знак се префинети и женствени.Жената јарец знае да ја разбуди фантазијата на секој маж кој има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.

Водолија

Тој – Ноншалантен, шармантен и лежерен, немате ни чувство дека сака да ве заведе, освои или нешто слично. Палење на цигара на девојките, дополнување на чашата со вино, замислено молчење и постојано гледање во девојката додека зборува, одбивање на повиците на мобилниот телефон (додека девојките ги интересира на кого не сака да му се јави)…Сето тоа им годи на девојките, не забележувајќи дека тие веќе се фатени во нивната мрежа.

Таа – Жената Водолија бира партнер сличен по нивото на нејзиното образование, ставовите и однесувањето, без оглед на врежаното мислење за нејзината ексцентрична природа и потребата за слобода.Жените водолии знаат вистински да сакаат и се спремни да направат се за својот партнер. Зрачат со харизма и енергија, а на нивната природност и непосредност не постои некој што може да одолее.Борете се за неа и не се откажувајте доколку сакате да ја освоите. За возврат таа ќе ви биде верна, сѐ додека е со вас.

Риби

Тој – Не знае да се додворува, делува малку неспретно, но тоа на некои девојки им е симпатично и слатко.Доколку е оженет, во друштво ќе глуми верен сопруг, но штом се најде сам со девојка, веднаш тргнува во акција. И тоа секогаш со стил кој подразбира внимание, чувство и галантност.

Таа – Ужива во заведување при самата помисла на мажот кој ѝ се допаѓа, но ретко ќе му признае. Ќе направи сѐ за да ве заведе (романтична вечера, миризливи свеќи) а потоа ќе ви даде до знаење дека ќе направи се за вас.




Коментари

коментари