Категории

Како паметните луѓе се однесуваат со тие што не ги сакаат

Во совршен свет сите луѓе меѓу себе ќе бидат љубезни, фини, обзирни, внимателни и полни со разбирање. Ќе си ги сфаќаме шегите и никој нема да се навреди. Но,не живеме во таков свет. Некои луѓе нè полудуваат, а некого и ние полудуваме.

Професор од Стенфорд Универзитетот тврди дека е невозможно е да се изгради еден тим на луѓе со кои би имале пријателски однос. Затоа, паметните луѓе се помалку бројни во групата, но тие можат да извадат максимум од луѓето кои не ги сакаат. Еве како успеваат.

Паметните луѓе знаат дека не може да се согласат со сите. Кај нив важи правилото “да се согласиме дека не се согласуваме”. Не значи дека личноста што не ја сакаат е лоша личност. Причината заради која не се согласуваат е тоа дека имаат различен систем на вредности и различен креативен пристап. Тоа е сè!

Знаат да се “носат” со луѓето што не ги сакаат. Сигурно повремено ќе ги нервираат неинтересните шеги и досетливи коментари, нема да можат да го поднесат времето со нив, но сосема нормално го прифаќаат фактот да не сакаш некого е сосема обична работа. Потребно и здраво е луѓето да имаат различен пристап кон работите.

Важно е што ги третираат луѓето кои не ги сакаат со достоинство. Цивилизирани се со нив, иако понекогаш не го заслужуваат тоа.

Кога имаат работа со некој што не го сакаат, важно е претходно да си ги средат сопствените фрустрации. Се фокусираат на пронаоѓање на причината за одбивноста кон другата личност.

Секогаш постои начин да се пристапи кон проблемот од друг агол и да се реши истиот, без притоа да се навреди спротивната страна.

Прегледи:
431
Објавено на:
14.06.2017