Како се однесува вљубен маж кога ќе ја пронајде жената на својот живот

Колку и да ви се чини дека понекогаш мажите се себични и бесчувствителни, љубовта е магија која ги менува.

Доколку сте се запрашале како ќе се однесува вљубен маж и што тој кај себе ќе промени кога ќе ја пронајде својата сродна душа, имате можност да прочитате во продолжение.

Ќе сфати колку е среќен и ќе се труди тоа да го покаже….вистинскиот маж кога ќе запознае дама која му одговара ќе се обиде најдобро што може да ја задржи и ќе биде среќен што конечно наишол на вистинската.

Ќе покажува колку таа му значи…без разлика што сметаме дека мажите не ги покажуваат своите чувства доволно, тие кога ќе ја запознаат вистинската нема да ги кријат своите чувства. Ниту љубомора, ниту восхит, ниту насмевка, ниту искри во очите…

Ќе се плаши да не ја изгуби саканата личност…да вистинскиот маж се плаши да не ја изгуби жената која ја сака и не се плаши тоа да го признае.

Ќе и понуди се што може…мажот кој ја обожава својата поубава половина сака да и понуди се што е во негова моќ. Тој сака својата избраничка да ја третира како кралица и нема да дозволи нешто да не и недостасува.

Извор : Боза.мк




Коментари

коментари