Како се разликува креативниот ум од останатите?

Науката не може конкретно да објасни како функционира целосниот процес, но креативноста дефинитивно е поврзана со неколку когнитивни процеси. Во процесот на креативноста, со сигурност влијаат одредени однесувања, социјални влијанија како и особини. Ова се некои од заедничките карактеристики на креативните луѓе.

Тие се набљудувачи

Креативните луѓе многу внимателно ја набљудуваат својата околина. Исто така, сакаат да овековечуваат се што гледаат и слушаат. Па затоа, многу често овие личности со себе носат тетратка или апарат за да го зачуваат одредениот момент. Во многу познати големи дела, конкретно деталите се она што не фасцинира.

Тие мечтаат постојано

Како деца, многу често ни кажуваат да престанеме да мечтаеме. Меѓутоа, психолозите посочуваат дека мечтаењето е далеку од губење време. Мечтаењето е всушност високоразвиена функција на мозокот која придонесува врз создавањето на нови идеи. Мечтаењето исто така ни дозволува да го гледаме животот од поинаков аспект.

Состојбата „status quo“ за нив претставува предизвик да ја променат

Оние со креативен ум не ги прифаќаат толку лесно работите такви какви што се и се обидуваат да ги променат. Тие сакаат да го променат светот и да предизвикаат разлика. Прашањата од кои поаѓаат се „што ако?“ или пак  „зошто да не?“. Тоа им помага да дефинираат што е возможно да се стори во одредена ситуација.

Имаат потешкотии при завршувањето на проектите

Една од негативните карактеристики на креативните луѓе е тоа што може да наидат на потешкотии при завршување на одредени задачи. Почетните фази на одреден проект за нив се возбудливи, но како одминува времето возбудата може да се намали, слично како во многу љубовни врски. Исто така, нова идеја или задача може многу лесно да им го одземе вниманието од тековната задача.

Ги хранат своите души

Не е возможно да креираме нови нешта, доколку не ја храниме душата. Тоа е индивидуален процес во зависност од потребите на личноста. Кој начин и да го одберете, важно е да ве исполнува, да ја храни душата за наредни креативни изразувања.

Тие се отворени личности

Отвореноста е основен фактор на креативноста. Креативните луѓе се љубопитни и сакаат да бидат изложени кон нови искуства. Исто така, тие се фасцинирани од нови информации, сензации и чувства.

Наидуваат на потешкотии да веруваат во себе и своите способности

Како и сите останати, така и креативните луѓе патат од истите несигурности во однос на самодовербата. Дури и оние најуспешните, многу често се соочуваат со несигурност да ја воочат брилијантноста во своите дела.

Го гледаат животот како можност за самоизразување

Целиот живот е наш креативен проект, па така секој од нас поседува помалку или повеќе креативност во себе. Работите и насоките кои ги избрираме се составен дел во креирањето на нашиот живот.

 




Коментари

коментари