Како во светот денес ритамот се користи како терапевтска алатка?

Оваа сабота на 04.11.2017 година во просториите на Јавна Соба (Public Room), Скопје, со почеток во 18 часот ќе се одржи настан насловен како „We all speak rhythm“.

Станува збор за психолошко – ритмичка работилница во која ќе се обидеме да го извадиме ритамот од музички контекст и да видиме како во светот денес ритамот се користи како терапевтска алатка. За време на работилницата ќе направиме теоретски осврт на повеќе прашања за важноста на ритмчките интервенции и нивната примена и ефекти врз нашето физичко и ментално здравје. Учесниците ќе имаат можност преку импровизирани инструменти и тропалки да учествуваат во групни ритмички вежби и во ваквиот креативен процес на групно “музицирање” ќе се обидеме да го откриеме нашиот уникатен ритам.

Организатор на настанот е Гешталт институт „Синергија“ чија визија е здраво и креативно општество. Институтот нуди гешталт тренинг по европски стандарди и стекнување на европска лиценца од областа на психотерапијата. Тимот се состои од ентузијастични професионалци со спремност своето знаење да го пренесат на новите генерации гешталт терапевти и советници.

Работилницата ќе ја води Милена Дојчинова – психолог. Местата се ограничени затоа резервирајте си го вашето место на време на телефонските броеви 072 254 517; 077 540
547 и повеќе за настанот може да дознаете на овој линк. 




Коментари

коментари