Каков лак за нокти ова лето? Три неочекувано тренди нијанси

Летото е познато по светлите, корални нијанси на нокти, но ова лето модните експерти вниманието го насочуваат кон три неочекувани нијанси.

Сина

Боја: Не помислувајте да одите на плажа без сина, аквамарис боја. Слој од металик сјај ќе ви даде доза гламур или можеби електрик сината, која ќе ви биде одлична и преку ден и ноќта.

Облик: Средни до долги одговараат за сината боја, за да ги издолжите прстите.

Дополнителен совет: Смелата сина ќе биде одлична за декорации на бела подлога, во разни дизајни.

Виолетова

Боја: Вообичаено е резервирана за зимските месеци, а сега прв пат ја гледаме и во летната сезона. Виолетовите нијанси се одлични за сечиј стил, за во канцеларија или прошетка во парк.

Облик: Долгите нокти би изгледале премногу нападно, држете се до средна должина со овален изглед.

Дополнителен совет: Играјте со повеќе нијанси на виолетова. На светла подлога, направете француски маникир, наместо со бела со потемна виолетова.

Портокалова

Боја: Мислите дека не ви прилега баш портокалова? Не е баш така, има нијанса за секого. Ако имате светол тен, одберете посветла, како праска, додека интензивните портокалови повеќе одат со потемен тен. Светкавите нијанси нанесете ги за вечерните излегувања и уживајте!

Облик: Не е нападна, па така може да одберете која должина и облик сакате.

Дополнителен совет: Сакате креативност? Измешајте повеќе нијанси на портокалова, за омбре стил.

 

 




Коментари

коментари