Категории

Каква пудра одговара на секој тип на кожа

Бројни makeup артисти и визажисти ја нагласуваат употребата на добра подлога за лицето пред нанесувањето на остатокот од шмонката како руменилото, бронзерот и хајлајтерот.

Доколку пудрата не е погодна за вашиот тип на кожа, што и да нанесете врз неа нема да биде постојано.

 

Црвенило и хиперпигментација
Доколку сте склони кон црвенило, тогаш бирајте течна пудра со добра покривност. Исто така се препорачуваат пудри кои содржат корегирачки пигменти во себе кои автоматски ја регулираат кожата каде што има нееднаква боја.

Масна кожа
Доколку имате кожа која е склона кон мастење и во текот на денот свети на одредени делови, користете матирачка течна пудра во комбинација со пудра во прав на оние делови на лицето каде мастењето е поголемо.

Сува кожа
Оние кои имаат сува кожа, се препорачува користење на високо хидратантни лесни пудри со минимална покривност и без матирачки ефект со цел да се избегне понатамошно сушење на лицето и појава на лишаи и лупење.

Комбинирана кожа
Доколку вашата кожа е на одредени делови сува додека на одредени делови се масти, потребни се неколку видови козметички производи. Користете подлога со добра хидратантност на сувите делови додека пудрата се препорачува да е со полу мат финиш.

Проблематична кожа
Доколку вашата кожа е склона кон акни и митесери, користете лесна пудра од органско потекло без парабени и парафини. Тие состојќи ја иритираат осетливата кожа и дополнително го зголемуваат појавувањето на акните и митесерите. Важно е пудрата да е лесна и да не ги затвора порите, притоа да ја остава кожата да дише. На критичните места кои бараат поголема покривност, користете коректор.

 

Прегледи:
870
Објавено на:
13.06.2017