Какви новости има новиот iPhone X?

Вчера се случи традиционалното септемвриско објавување на новиот модел на iPhone, традиција која Apple ја негува веќе години по ред. 

Што ни доаѓа ново од Apple?

„Шоуто“ започна со одавање почит на Стив Џобс, а потоа следеа новостите. Покрај претставување на новиот iPhone X, беа опфатени и новости во врска со Apple watch, како и iPhone 8 и поголем 8 Plus.

Новиот iPhone X има нова технологија за 5,8 инчниот екран, позната како OLED, што е потенок, полесен и посветол. Екранот ја покрива и предната камера, а изоставено е и home компчето, тоа го прави најголемиот iPhone досега. 

Новиот iPhone X има камера ќе го препознава ликот, ќе се полни бежично, а ќе бидат пуштени во продажба две верзии, 64GB со цена од $999 и верзија со 256GB за $1,149.  




Коментари

коментари