Жени, запаметете ги овие 12 канцерогени супстанции и никогаш не купувајте козметика која ги содржи!

Современиот човек користи козметика секојдневно. Различни на средства за миење, декоративна козметика, козметика за заштита од сонце, машка козметика … Дали сепак сите производи за убавина се безбедни?

Проверете ги сами овие 12 токсични и канцерогеникомпоненти во вашата козметика.

Benzoyl Peroxide: Се користи најчесто во производите против акни. MSDS (…) тврди дека тој може да предизвика тумори и мутации, а може да доведе до оштетување на човековите ДНК клетки. Токсични се при вдишување. Ги иритира очите, кожата и го отежнува дишењето.

DEA (Diethanolamine) MEA (Monoethanolamine) TEA (Trietanolamine): Ова се супстанции кои  прават пена, но се раздразнувач за очите и кожата и предизвикуваат дерматит. Лесно се апсорбираат во кожата и се акумулираат во органите и мозокот.

Dioxin: Се сретнува претежно во антибактериски супстанци кои се додаваат во производите за чистење , како што се оние за бришење и детергентите. Диоксинот предизвикува рак, го слабее имунолошкиот систем, предизвикува нарушувања на нервниот систем  и деформации во плодот.

DMDM Hydantoin и Urea (Imidazolidinyl):Мможе да предизвика болки во зглобовите, рак, кожни и други алергии, депресија, главоболка, болки во градите, инфекции на увото, хроничен замор, вртоглавица и несоница.

CI бои и пигменти: Синтетичките бои добиени од катран (при нафтопреработката), содржат тешки метални соли, кои ги задржуваат токсини во кожата и предизвикуваат висока чувствителност и раздразливост. При апсорпција од кожата, тие можат да предизвикаат недостаток на кислород и тоа да доведе до смрт. Истражувањата покажуваат дека скоро сите вештачки бои се канцерогени.

Paraben-(Methyl, Butyl, Ethyl, Propyl-paraben): Се користат како конзерванси и не секогаш се опишани на етикетите. Се содржат во дезодоранси и други производи за кожата. При медицински истражувања се откриени дека се содржат во клетките на туморите на рак на дојка. Парабените можат да доведат до стерилност кај мажите, хормонален дисбаланс кај жените и ран пубертет.

PEG (Polyethylene glycol): Направен преку етоксилиран пропилен. При овој процес како краен производ се откриени опасно високи количини на диоксин. Полиетилен гликолат се содржи во сите видови козметика, во сите масла, како и во бебешката козметика.

Фталати (Phthalates): Ги има во многу производи и обично не се опишани на етикетите. Штетата што ја предизвикуваат за здравјето се проблеми со црниот дроб и бубрезите, породилни дефекти, намален квалитет на спермата и понекогаш предизвикува предвремен развој на гради кај девојчињата, дури и кај момчињата.

Propylene Glycol (PG) и Butylene Glycol: Ги има во кармини и сјаеви за уста. EPA (Американската агенција за заштита на животната средина) ги смета за толку токсични што дури препорачува при работа со нив да се користат ракавици, особено облека и очила. Исто така предупредува дека при директен контакт со нив може да предизвикаат сериозни оштетувања на мозокот, црниот дроб и бубрезите.

Sodium Lauryl Sulfate (SLS) и Sodium Laureth Sulfate (SLES): Се користат претежно во пералните, во препаратите за чистење на под, препаратите за чистење на тешки масти и се содржи во 90% од козметичките производи кои  прават пена. Овие сулфати предизвикуваат проблеми со очите, отежнато дишење, дијареа, кожни надразнувања и во некои случаи, дури и смрт.

Хемиски филтри за сончање : Avobenzone, benzphenone, ethoxycinnamate, PABA се најчестите состојки во креми и масла за заштита од УВ зраци. Тие се извори на слободни радикали. Научниците претпоставуваат дека оштетуваат ДНК и доведуваат до рак.

Tridosan: синтетичкз, антибактериска состојка. EPA ја регистрира како пестицид, ја става како ризик фактор за човековото здравје и животната средина. Класифицирана e како хлоропенол (chlorophenol), хемикалија која се смета за еден од најголемите предизвикувачи на рак.




Коментари

коментари