Капина – лек за крвта, храна за телото!

Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат капините, кои не се само вкусни туку поади својот состав имаат благотворно дејство при многу здравствени проблеми.

Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалд, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај. Овој чај помага за снижување на крвниот притисок, а помага и кај парадентоза.

Младите фиданки и листовите на капината, заедно со фиданките на копривите, јглика и шумски јагоди го прават познатиот пролетен чај, кој служи за прочистување на крвта. Смесата од листови капина со мед и прополис отвара апетит и го лечи желудникот.

Ккао останатото темно овошје, како боровинките и грзјето, капините содржат биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на слободни радикали. Ја зголемуваат апсорбцијата на витамин Ц и помагаат за зачувување на колагенот.

Хранливи вредности на капината:

Благите, сочни капини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Како малините, растат на грмушки од фамилијата rosaceae. Растението потекнува од Европа, а денес се одгледува комерцијално од Северна Америка (особено САД), па сè до Сибир.

Ботанички, растението е повеќегодишна грмушка која припаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Rubus. Научното име на капината е Rubus fruticosus.

Во зависност од сортата, грмушката од капините може да се класифицира како исправена, полуисправена или ползечка. Исправениот вид грмушка има трња и се раширува преку ’ркулци од корењата (кои потоа испуштаат ластари) по грмушките, додека на ползечкиот вид грмушка му е потребен шпалир за да може да расте и испушта свежи ластари. Во текот на втората сезона на ластарите се појавуваат бели или розови цветови.

Технички, целата дудинка е збир од мали плодови кои се кружно. Секој ситен плод има мала, сочна пупла обвиена околу една, ситна семка. Капината тежи од 3 до 4 грама и содржи од 80 до 100 ситни плодови.

Видовите Логан и Феномен се хибридни дудинки добиени преку вкрстување на капини и малини.

Здравствени придобивки од капината:

  • Како и другите грмушести дудинки, и капините се преполни со бројни хранливи материи, како што се: витамините, минералите, антиоксидансите и растителните влакна, кои се неопходни за одржување на здравјето.
  • Капините имаат многу ниска калорична вредност. Во 100 грама свежи капини има само 43 калории. Од друга страна се многу богати со растворливи и нерастворливи растителни влакна (во 100 грама свежи капини има 5,3 грама или 14 проценти од дневно препорачаната доза). Ксилитол, нискокалоричниот засладувач е присутен во овошните влакна. Тој се апсорбира побавно отколку обичниот шеќер и не го повишува нивото на шеќер во крвта.
  • Капините содржат прилично високи количини фенолни флавоноидни фито-хемикалии, како што се: антоцијанини, елагиска киселина (тианин) кверцитин, галска киселина, цијанидини, пеларгонидини, катехини, кемпферол и салицилска киселина. Научните истражувања покажаа дека овие антиоксидантски соединенија можат да имаат позитивно влијание врз здравјето при борбата против рак, стареење, воспаленија и развојот на невролошки заболувања.
  • Свежите капини се одличен извор на витамин Ц (обезбедуваат 35 проценти од дневно препорачаната доза во 100 грама), кој е моќен природен антиоксиданс. Конзумирањето овошје богато со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори против воспаленијаа и да ги собере слободните радикали.
  • Капините содржат и соодветна количина витамин А, витамин Е и витамин К (обезбедуваат 16 проценти од дневно препорачаната доза во 100 грама). Дополнително, содржат и повеќе други флавоноидни полифенолни антиоксиданси кои се корисни за здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин, во мали количини. Заедно, овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести.
  • Капините имаат ORAC вредност (апсорпциски капацитет на оксигенските радикали – мерка за антиоксидантска јачина) од приближно 5.347 µmol TE на 100 грама.
  • Дополнително, капините содржат солидна количина минерали, како што се: калиум, манган, бакар и магнезиум. Бакарот е потребен за метаболизмот на коските, како и за создавањето на црвените крвни зрнца.
  • Капините содржат умерени количини витамини од Б-комплексот. Содржат солидна количина пиридоксин, ниацин, пантотенска киселина, рибофлавин и фолна киселина. Овие витамини служат како кофактори кои му помагаат на телото при метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.

Избор и складирање:

Сезоната на капини обично трае од јуни до септември. Свежите капини се берат рачно или пак со специјални машини на големите фарми. Вообичаено, капините се подготвени за берба кога лесно можат да се откинат од дршката и имаат добиено изразена боја. Во таа фаза тие се најзрели и најблаги. Во продавниците, бирајте ги свежите капини кои се сјајни и целосно црни и видливо сочни. Глано, капините се пакуваат во цврста кутија, наредени во еден слој. Избегнувајте ги недозреаните (црно-виолетови), презреаните, скапаните, оштетените и згмечените капини. Капините се многу чувствителни на допири и бргу се расипуваат. Изедете ги колку што е можно побргу по купувањето.

Можете да ги складирате во фрижидер, каде што ќе останат свежи 4 до 5 дена.

Употреба во кујната:

Свежите капини можат да се јадат директно по кинењето од грмушката. Ако ги купувате од продавница, најдобро е да ги изедете веднаш. Не ги мијте додека не сте подготвени да ги изедете. Едноставно потопете ги во длабок сад со студена вода и протресете ги за да отпаднат евентуалните остатоци од прав. Нежно извадете ги и избришете ги со крпа што добро впива течност. Овој метод им помага да се адаптираат на собна температура, со што се подобрува вкусот.

Совети за приготвување:

  • Капините се одличен и многу вкусен додаток на секоја овошна салата. Исто така, можат да се додаваат и во сладоледи.
  • Пасираните капини се користат за приготвување на француски сосови.
  • Пасираните капини можат да се користат и за приготвување сок, џем, мармалад и сос.
  • Капините им даваат особен вкус на колачите, печивата, тортите, питите и пудинзите.
  • Од капините може да се прави и ликер.

Здравствено предупредување:

Алергијата на капини е многу ретка појава. Пријавени се само неколку случаи, кај многу чувствителни лица. Реакцијата можеби се должи на присуството на салицилска киселина во капините, која може да предизвика симптоми како што се: потекување и вцрвенување на устата, усните и јазикот, егзема, исфрлање, растечен нос, чешање на очите, отежнато дишење, гастроинтестинални потешкотии, депресија, хиперактивност и несоница. Лицата кои се сомневаат дека се алергични на ова овошје, треба да го избегнуваат.




Коментари

коментари