Категории

Кармата се грижи секој да го добие она што го заслужува во животот: Интелигентните луѓе вака се однесуваат кога некој ќе ги повреди!

Зборот карма е од санскритско потекло и означува акција. Таа е еквивалентна на Њутновиот закон, кој вели „секоја акција мора да има реакција“. Кога размислуваме, зборуваме или дејствуваме, иницираме сила што ќе има соодветна реакција

Во одреден момент од нашите животи, соочени со гнев, болка и предавство, повеќето од нас мислат на одмазда. Сепак, паметните луѓе знаат дека постои многу подобра опција.

Паметните луѓе знаат дека болката и фрустрацијата бараат време. Поради високото ниво на емоционална интелигенција, овие луѓе чекаат да им помине првиот излив на гнев, ги контролираат своите чувства и носат подобри одлуки.

Кармата секогаш зема сè во свои раце и на сите им враќа како што заслужуваат. Се вели дека никој не може да избега од последиците од своите постапки. Универзумот го има одговорот за секое дело што го правиме, добро или лошо. Ако направите добро во животот, доброто со добро ќе ви се врати, а ако направите лошо, тоа ќе биде и одговорот на кармата.

Не ја чувајте лутината, таа на никој не му донела ништо добро.

 

Најдобрата одмазда е насмевка и успех

Опсесијата со омраза и гнев е токсична. Овие чувства го раскинуваат човекот на парчиња и ја скратуваат среќата. Ништо нема повеќе да го повреди оној што ве повредил од вашиот успех. Забавувајте се и покажете дека туѓата негативност не ве допира ни малку.

Пред да сакате да му вратите на некого со иста мера, запрашајте се дали тоа вреди и дали ќе се чувствувате подобро после?

Одговорот до кој ќе дојдете е не. Наместо да дозволите лутината и фрустрацијата да ве измачуваат одвнатре, искористете ја таа енергија и претворете ја во мотивација што ви е потребна за да успеете.

Кармата секогаш се грижи секој да го добие она што го заслужува. Кога некој ќе ве повреди, не се одмаздувајте. На крајот на краиштата, така се повредувате сами . Ослободете ги лошите чувства и простете, а кармата ќе ги научи на лекција.

Како зрачите, така привлекувате, добро запомнете го тоа.

Прегледи:
1709
Ознаки:
·
Објавено на:
14.03.2020