„Ќе слушаш за мене“

Ќе слушаш за мене- уште многу. Случајни минувачи и подалечни пријатели ќе те прашуваат за мене. Можеби дел од нив ќе ја фалат мојата убавина, некои ќе бидат воодушевени од моите успеси- а ти? Што ќе им одговориш ти, мил мој? Ќе ја свртиш главата и ќе се правиш дека никогаш во животот не си ме познавал? Или едноставно низ смеа ќе признаеш дека си ми го загорчил животот? Прашај ги. Слободно распрашај се дали сега мојот живот е претворен во црна дамка или гордо стојам со крената глава конечно задоволна што дел од моите соништа можам да ги држам во рака. Грст од желби ја цртаат мојата судбина на синото небо. А тебе те носам како веќе испрана флека на омилениот фустан. Месеци и години ми требаа да ја избришам таа невкусна дамка, но инсистирав. Знаеш, успеваш само тогаш кога си упорен. Ти, не помислувај дека ми го зацрне животот. Фустанот остана црн, но флеката избледе, сега впрочем стана речиси невидлива. Ти ме натера да успеам. Ти ми беше мотив да се истакнам во најдобро светло. Баш поради тоа што сакав еден ден да пукаш од мака кога го слушаш моето име од твоите преценети другари, од твоите идни девојки, од твоите роднини и родители. Ти ми остана единствен мотив на успехот. Те избришав тебе и ја напишав наново сопствената книга на судбината. И долго ќе те прашуваат за мене. Дали сеуште си способен да молчиш, драги? Го знам јас твојот одговор. Во срцето твое постои само онаа една која никогаш нема да ја заборавиш. Онаа која ја повреди и ја остави на цедило, но онаа која остави потпис со маркер на твоето срце. Тивко ќе се насмевнеш и ќе речеш- Само мојата бивша. Бившата девојка со која цел живот ќе се гордеам!

-Кристина Цонкинска
Прочитајте повеќе на: Девојката со ледено срце

tumblr_njevwuSm6V1qj8eeco1_500




Коментари

коментари