Категории

Кејт Хадсон се појави со избричена глава на премиерата на “Marshall” 

Кејт Хадсон на црвениот килим по повод премиерата на нејзиниот нов филм Marshall се појави со нова фризура. 

Имено, актерката неодамна ја избричи главата за таен нов проект со Сиа, а овој пат носеше прекрасен сребрен Стела Мекартни фустан кој го украси со сребрена чанта и дијамански обетки.

Хадсон се појави со нејзиниото момче, музичарот Danny Fujikawa, а тие прв пат се појавија на црвениот килим заедно на премиерата на Snatched каде главните улоги ги играа мајката на Кејт, Голди Хон и Ејми Шимер.

Прегледи:
594
Објавено на:
26.09.2017