Категории

Келвин Харис ја остави Тејлор Свифт после 15 месеци врска

Пејачката Тејлор Свифт и DJ-от Келвин Харис ја завршија 15-месечната врска. Како што изјави една личност блиска до овој пар за магазинот “People”, Харис ја оставил Тејлор.

“Немаше никаква драма, но работите меѓу нив не функционираа веќе некое време”, изјави извор близок на парот.

Тејлор и Келвин беа заедно од март 2015 година и сите зборуваа за тоа колку се посветени еден на друг.

“Келвин беше заљубен во Тејлор, бидејќи таа е тип на девојка со која никогаш не бил претходно и тоа му се допаѓаше. Му се допаѓаше нејзината невиност и добрина. Но, почна да губи интерес за неа во последните месеци и се трудеше да не раскинат, но повеќе не можеше. Изгледаше како да се пријатели, а не љубовници”, раскажува понатаму изворот.

Како што тоа е инаку проблем кај славните парови, Тејлор и Келвин тешко ги усогласувале своите распореди на турнеи и патувања, па така се гледале помалку од што сакале. Исто така, се движеле во различни кругови.

“Адам (вистинското име на Келвин) немаше друга жена. Не ја изневери. Само не си одговараа”, рече неговиот пријател.

Друг извор за “US Weekly” вели дека Тејлор била вознемирена, но дека е добро.

“Не функционираше и немаше смисла да се продолжи со таквата врска”, изјави пријателката на Тејлор.

“Forbes” овој пар го прогласи за најплатен во музичката индустрија, бидејќи заедно имаа 146 милиони долари. Тејлор претходно се забавуваше со Џејк Гиленхал, Хари Стајлс и Тејлор Лаутнер. Келвин е познат по врските со Рита Ора и манекенката Арика Волф.

Прегледи:
357
Објавено на:
02.06.2016