Категории

Кендал Џенер е новата газдарица на луксузниот дом на Чарли Шин во Беверли Хилс

Луксузната вила вредна 8,55 милиони долари е новиот дом на топ моделот Кендал Џенер. 

Чарли Шин ја купи оваа вила со неговата тогашна сопруга, Брук Муелер, но сега вилата со пет спални, изградена во шпански стил е дом на Кендал.

Вилата е изградена во 1991 година и е лоцирана во преградието Mulholland, според Trulia.com.

Имотот има шест спални соби, голема семејна соба со француски врати кои водат до градината, преубава кујна и мини кино.

Прекрасниот имот има многу стари дрва и прекрасна градина, базен и тениско игралиште, но и фонтана која ја надополнува убавината.

  

Прегледи:
432
Објавено на:
25.10.2017