Ким и Канје се разведуваат: Крај на уште еден брак во светот на познатите?

Светските медиуми наведуваат дека Ким повеќе не може да излезе на крај со својот „сопруг од пеколот“. Најблаго речено, животот со Канје е тежок и Ким е веќе уморна од него. Тој воопшто не ѝ помага околу децата, има чести изливи на бес и станал зависник од таблети без кои речиси и не може да функционира.

Откога Чикаго се родила, неговите напади станале сè посериозни и почести. Ким поради тоа често се запрашува дали нејзиниот живот би ѝ бил полесен без него”, изјавил извор близок до старлетата. Додека Ким и Канје мудро молчат за сè, гласините за нивниот развод не одат во прилог на тоа дека познатата Кардашијанка во текот на неодамнешната посета во Јапонија ја промовирала новата колекција на модниот бренд на Канје – Yeezy.

Доколку можеме да им веруваме на гласините, станува збор за развод “тежок” една милијарда долари, а за Ким ова ќе биде трет развод. Реалити ѕвездата и раперот се во брак од 2014 година и имаат три деца – 4-годишната Норт, 3-годишниот Сеинт и малата Чикаго Вест која ја добија пред само два месеци.




Коментари

коментари