Категории

Кира Најтли запеа за Chanel

Кира Најтли е веќе позната по својот извонреден актерски талент, а неодамна таа одлучи да се проба и во улогата на пеачка каде покажа дека има прекрасен глас и одлично знае француски.

Во новата кампања за линијата накит Chanel Coco, Кира ја запеа познатата француска класика “Le Tourbillon de la Vie” истовремено свирејќи и акустична гитара. Песната е за прв пат изведена во филмот “Jules et Jim” во која ја отпеа поранепната амбасадорка на Chanel – Ванеса Паради.

Coco Crush колекцијата накит се состои од прстени, манжетни од жолто, бело и розе злато како и парчиња украсени со дијаманти.

Слушнете како пее убавата Кира, ќе се воодушевите!

Прегледи:
340
Објавено на:
24.11.2017