Книга на неделата: Бестселерот на Ејлин Гоуџ кој мора да го прочитате „Жена во црно“

Писателка со интересен стил, раскажува животни судбини и се инспирира од животот на луѓето околу неа е описот за Ејлин Гоуџ, писателката чии книги на нашата читателска сцена ги носи најстарата издавачка куќа Култура. 

Започна се со Жена во црвено, потоа следеше Жена во сино, а ова лето во Култура пристигна и Жена во црно. Книги во кои се содржани интересни животни судбини, независни приказни, а секоја возбудлива драма збогатена со љубов, трилер.  Ова се ни го откриваат од Култура во Утринска на Телма, но што следи?

Важно е да се издвои Ден Браун, еден од најчитаните автори на денешницата. Неговата нова книга „Потекло“ со македонски превод ќе биде достапна во Култура веќе во Ноември, што со нетрпение се очекува кај македонската читателска публика.

 

Трета година по ред Култура издава книги на млади неафирмирани македонски автори. Наскоро ќе биде издаден и романот на добитникот на РОМАНИЈАДА – конкурс за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2016 година, Митко Апостолов со неговата „Некои бладања од војната“ и истата наскоро ќе може да се најде во книжарницата Култура.

Како други новости се најавува ново дело на една од најчитаните авторки Елизабет Адлер „Со љубов од Барселона“, а како предлози за читање од Култура препорачуваат и македонски автори кои имаат навистина интересни дела кои можете да ги најдете во Култура

 

Имаме чест да ви го претставиме добитник на РОМАНИЈАДА – конкурс за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2016 година, Митко Апостолов со неговата „Некои бладања од војната“ која наскоро ќе може да ја најдете во книжарницата Култура! #ВоСветотНаКнигите #Романијада 📖📚 #reading #култура #книги #bookstore #инстаграмџии #инстаграмџики #bookshelf #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on




Коментари

коментари