Кога децата развиват чувство за добро и лошо?

Можеби ќе се изненадите од фактот дека децата на три годишна возраст имаат развиено чувство за добро и лошо. Истражувачи од Велика Британија истражувале кога децата го развиваат чувството за правда и интересот за казна. Во студијата биле вклучени 137 деца што биле на возраст од 3 и 5 години.

Во некои од експериментите биле вклучени и кукли што краделе колачиња од други кукли или дирекно од децата. Во друг експеримент една кукла плачела зашто друга кукла и ги украла играчките.

Истражувачите ги следеле реакциите на децата.
Шеесет отсто од децата на 3 годишна возраст станувале и ги враќале украдените колачиња и играчки на другите кукли. Осумдесет отсто од децата станувале и си ги земале нивните украдените предмети од лошите кукли.

Психологот што го водел истражувањето Кејт Џенсен од Универзитетот во Манчестер заклучила дека децата биле слично загрижени за украдените предмети од куклите како и за своите украдени предмети.

Истражувачите заклучиле дека 3 годишните деца не ги казниле куклите што крадат. Кога им биле дадени само две опции или да го остават украдениот предмет со крадецот или предметот да го преместат на скришно место, повеќе од половина од децата го оставале предметот со крадецот. Неколку од децата многу се вознемириле од овој експеримент и морело да бидат исклучени од истражувањето.

Пет-годишните деца пак не се двоумеле многу за да го казнат крадецот. Седумдесет отсто од нив ги земале украдените колачиња или играчки од крадецот, без разлика дали биле украдени од нив или од други кукли.

Психологот Питер Блејк истакнува дека постои и друг интересен аспект од истражувањето.

„Интересно е дека децата во суштина не сакаат да казнат никого. Она што тие го сакаат е да вратат се на свое место“.

Возрасните знаат дека ако некој ги прекрши правилата тој ќе биде казнет, но кај децата тоа сознание се развива подоцна.

Психологот Џенсен укажува дека е важно на децата од најмала возраст да им се укажува на тоа дека не е во ред да се краде и дека кој тоа го прави ќе биде казнет на некој начин. Уште поважно е децата да научат дека со земањето на нешта што не се наши им се нанесува штета на други луѓе.

 

 

www.brainobrain.com

 




Коментари

коментари