Категории

Кога ќе се спојат љубовта кон јогата и водата

Вљубениците во јогата и водата се почесто ја практикуваат оваа убава активност на даска за сурфање, популарно наречена SUP јога или Standup paddleboard јога. 

Јогата има за цел да ги доведе телото и умот во баланс, а кога сето тоа ќе се комбинира со природната средина на водата, необичноста на теренот, звуците на морето, птиците и рибите, се добива една посебна енергија која ви носи поголем мир од вообичаената сала каде се практикува јога.

 

Море, езеро или пак мирна река, се местата каде јогините заполовуваат со даските и ја започнуваат нивната вообичаена јога рутина. Фокусирана на балансот, фокусот и зајакнување на телото, таа е едно посебно искуство.

„Кога си надвор опкружен со сите елементи имаш посебна конекција со природата. Тоа е толку релаксирачко и медитативно. Се чувствувам неверојатно.“ раскажува една јогиња. 

Како изгледа оваа јога? Може да видите преку овие неверојатни фотографии.

   


Прегледи:
497
Објавено на:
15.08.2017