Категории

Кога треба да го извадите вереничкиот прстен?

Го обожавате веренички прстен, кој ви го подари вашето момче и не сакате да го тргнете од вашата рака? За да го задржи својот сјај и облик, важно е да знаете дека не треба секогаш да го носите.

Извадете го прстенот додека ги правите овие 5 работи:

1. Вежбање

Пред да се испотите, добра идеја е да го тргнете вашиот прекрасен прстен од раката. Материјалите, кои често се користат за правење на прстените, до одреден степен се меки и нежни. Па, ако го удрите прстенот или ако ви се закачи на некоја справа, многу е веројатно дека ќе ја изгуби својата форма.

2. Пилинг и нега на кожа

Млеката за тело, хидратантните креми и лосионите за пилинг, можеби се одлични за вашата кожа, но не и за вашиот прстен, бидејќи можат да го намалат сјајот на каменот со текот на времето. За да го заштитите, почекајте вашите раце целосно да се исушат, а потоа ставете го вашиот сјаен прстен повторно.

3. Средување

Дали знаете дека козметиката, спрејовите за коса, парфемите и други супстанци и средства низ домот, кои жените ги користат, предизвикуваат таложење на нечистотии, што го намалува природниот сјај на вашиот прстен?

Затоа, кога си доаѓате дома, извадете го прстенот, за да ги завршите сите активности кои ги имате, како на пример, готвење, туширање и бришење шминка, а откако ќе завршите со сѐ, вратете го повторно да свети на вашата рака.

4. Пливање

Никогаш немојте да носите скап накит на вас додека сте во море или базен! Прво, ладната вода ги намалува вашите прсти, па така прстенот може полесно да падне и да исчезне во длабоките води. Од друга страна пак, хлорот може да ги оштети материјалите од кои е направен прстенот.

5. Чистење

Не само што може лесно да го удрите прстенот од тврди површини додека го чистите домот, туку може и да му направите голема штета на каменот и да ја промени бојата, благодарение на хемикалиите кои ги содржат средствата за чистење.

Прегледи:
1022
Ознаки:
· ·
Објавено на:
19.06.2017