Категории

Кога ви е здодевно, посетете ги овие веб сајтови

Некои луѓе имаат премногу слободно време. Најчесто од нив порано ги завршуваат своите обврски, додека постојат и луѓе кои едноставно седат на работа и гледаат во нивниот компјутер.

За оние кои постојано седат пред своите компјутери и на кои им здосадиле старите веб-сајтови, а не ги интересираат ни новостите на социјалните мрежи, ги советуваме да ги погледнат неколкуте алтернативни веб-сајтови. Навистина ќе ви помогнат кога ќе ви биде здодевно.

The Secret Door

Отворете ја „тајната врата“, ќе завршите на ново и неочекувано место.

Radiooooo

Одберете дата и држава и ќе можете да слушате музика која била популарна на тоа место во тој период од историјата.

GeoGuessr

Овој веб-сајт ги користи мапите на Google и ве носи на одредена локација во светот. Вашата задача е да погодите каде се наоѓате.

Liveplasma

Во зависност од параметрите кои ќе ги внесете, овој веб-сајт ви препорачува нова музика, филмови и серии кои би ви се допаднале.

Little Alchemy

Необична игра која ви дозволува да создадете 550 разни супстанци почнувајќи со 4 основни елементи.

Stars

Истражете го универзумот со оваа детална мапа.

Flight Radar

Овој веб-сајт ви овозможува следење на сите комерцијални летови во светот во реално време.

Прегледи:
336
Објавено на:
23.12.2017