Категории

Кои алкохолни пијалаци треба да ги избегнувате доколку сакате да изгубите тежина?

Како што се зголемуваат температурите, во комбинација со храната, освежувањето со омилениот пијалак е неизбежно. Сепак, уживање во пијачка или две не мора да ги уништи вашите напори за губење телесна тежина. Наместо тоа, може да го промените изборот на пијачката со некоја која содржи помалку калории. 

Заменете го Лонг Ајленд коктелот (424 калории) со Космополитен (100 калории)

Со листа на состојки кои содржат водка, џин, рум, текила и кока кола, не е ни чудо што Лонг Ајленд содржи неверојатни 424 калории. Космополитен има многу помалку алкохол и само мала количина на сок од брусница, што значи дека просечниот Космополитен содржи само 100 калории – помалку за една четвртина од Лонг Ајленд.

Заменете го Мохито (242 калории) со Мартини (70 калории)

Мохитото за многумина претставува омилен летен пијалак, но благодарение на шеќерниот сируп, просечното мохито може да содржи дури 242 калории. Мартинито нема дополнителни состојки, што значи дека содржи само 70 калории – се разбира, ако не ги јадете маслинките.

Заменете го слаткото бело вино (160 калории) за чаша Шампањ (89 калории)

Дополнителниот шеќер во слаткото бело вино од 175 мл може да содржи околу 160 калории. Шампањот е еден од пијалаците со најмалку калории, така што 120 мл Шампањ содржи само 89 калории.

Прегледи:
368
Објавено на:
14.08.2017