Кои ќе бидат актуелните модели на фармерки за пролет 2016

Во денешниот текст ви откриваме кои модели на фармерки ќе ги носиме оваа пролет.

Продолжете да читате и веруваме дека ќе го пронајдете идеалниот модел за себе…

# Бели фармерки…колку повеќе температурите се качуваат толку и ние повеќе ќе се вртиме кон светлите бои. Оваа пролет ќе се носат белите фармерки, а вие се што треба е да го одберете совршениот крој за вас.

# Искинати фармерки…предходната сезона искинатите фармерки беа апсолутен хит, според најавите од модната индустрија и оваа година ќе биде таква ситуацијата. Ништо не дава доза на бунтовност како пар искинати фармерки.

grubi-rabovi-03 (1)

# Груби рабови…модната индустрија како да прогласи бунт против строгите линии, па фармерките со груби рабови кои делуваат како сами да сме ги сечеле ќе бидат вистински хит.

grubi-rabovi-03

# Со детали…дозволете и на пролетта да ја разбуди креативноста во вас, па фармерки збогатени со најразлични детали се вистиснката работа.

iskinati-farmerki-02

# Избледени…паметите ли кога со варикина порано ги избледувавме фармерките? Епа драги дами време е повторно да ги понесеме моделите од нашата и младоста на нашите мајки.

izbledeni-05

# Ѕвонарки...уште од минатата година владеат на модната сцена, така што ако досега немате набавено ваков пар побрзајте и дочекате ја пролетта во бохо стил.

Кој модел најмногу ви се допаѓа?




Коментари

коментари