Кои се трите најуспешни, но и најправедни знаци во хороскопот?

Секој сака да биде успешен. Според астрологијата, кога имаме таква желба, може да се каже дека се јавува една планета која ни го праќа тој сигнал. За една личност да биде моќна, славна, популарна и успешна мора да има барем три планети кои ја красат и ѝ даваат таква сила, и тоа Јупитер, Марс и Сатурн. Во продолжение откријте кои се најуспешните три знаци во хороскопот, според планетарните подредувања.

Овен: Лидер

Овенот е пред сѐ храбар. Неговите ентузијазам и одлучност ретко кој друг знак ги поседува. За Овните работата е многу важна и секогаш треба да се заврши. Што и да добие во животот, да направи или да одлучи, тој е знак кој го работи тоа без никакви проблеми и двоумење. Неговата харизма се гледа во неговиот херојски карактер кој сака да победува. Дури и по цена на својот живот, Овенот ќе продолжи да се бори до крајот – тој е бестрашен. Поради тоа помеѓу припадниците на овој знак може да пронајдете лидери, шефови и директори кои не мируваат од моментот кога ќе влезат во фирмата. Ако нешто ветат, тие тоа и ќе го исполнат, но истото го очекуваат и од своите соработници.

Најмногу мразат предавство, лаги и малодушност. Овенот е фантастичен хирург, градежен инженер, војник, војсководец, актер, комичар како Чаплин, љубовник како Казанова и политичар како Хрушчов.




Коментари

коментари