Категории

Кој е „Султанот од Палермо“?

Новиот роман на Тарик Али, ќе го прочитате во еден здив. Кога еднаш ќе се зафатите со „Султанот од Палермо“ нема да можете да го оставите.

Вештината на Тарик Али во опишувањето на микросветовите на Христијанската и Муслиманската заедница во Палермо во средниот век го внесува читателот во светот на контрасти од судири и пријателства, светот на љубовта и похотата, свет на почитување и лицемерие, мирољубивост, бунтовност, доверба и лага. Минуциозноста на раскажувањето на атеистот Али детално и објективно ја прикажува средината во која функционирале муслиманските фамилии во Палермо и околината за време на беснеењето на христијанските хирувања во световниот и светиот живот.

Романот Султан во Палермо на Тарик Али е динамичен роман полн со изненадувања, прсврти и неочекувани настани кои го оставаат читателот со подзината уста. Али му дозволува на читателот и сам да си ги пополнува празните простори од нарацијата вметнувајќи аналептични скокови и заобиколувања, држејќи го буден заинтригиран на наративната линија.

Идризи е најпочитуваниот интелектуалец во палатата на Султанот Раџари, кој неговата единствена љубов ја зема во својот харем. Идризи патува по светот собирајќи податоци за да направи географска карта за трговците и патниците, но со завршувањето на неговите патувања тој се враќа во својот дом недалеку од палатата. Ќерките на Идризи од првиот брак се спремни за злокобни дела само да се ослободат од своите сопрузи и да се дограбаат до нивните богатства, Идризи тоа не го дозволува.

Животот во Палермо се менува, се врти како тркало. Еднаш фамилијата на Султанот е горе, потоа е долу, само лозата на Идризи е постојано на страната на правдата