Категории

Кој владее со светот? Светските лидери и нивните хороскопски знаци

Астрологијата ни дава одговор на многу прашања, дава целосен профил за еден човек, а постојат некои универзални карактеристики преку кои може да препознаеме еден хороскопски знак.

Според карактеристиките, хороскопските знаци имаат различни афинитети, квалитети и маани, но кои се добри лидери, кои се оние знаци кои владеат со светот?

Според истражувањето објавено во јуни 2015 година, од 195 влади во светот, најмногу лидери има меѓу Скорпиите, при што 11,8% или вкупно 22 лидери се од овој знак. Типичните Скорпии се решителни и силни, но често страдаат заради тоа што се таинствени и непопустливи. Меѓу попознатите се австралискиот премиер Тони Абот и иранскиот лидер Хасан Рухани. Меѓу познатите политичари во знак на Скорпија е поранешниот државен секретар на САД и претседателскиот кандидат за 2016 година, Хилари Клинтон.

На второ место се Лавовите, кои ги има 18 низ светот. Типичниот Лав е ентузијаст и срдечен, но честопати го обвинуваат за вообразеност и попување. Актуелниот претседателот на САД, Барак Обама е Лав, но и типичен претставник на овој знак е Уго Чавез, претседател на Венецуела, кој секој викенд на државната телевизија имаше емисија „Ало Президенте“.

Стрелецот е лидер во 18 земји. Тој е познат слободољубив и философски знак, а противниците го обвинуваат дека е неуморен и преголем оптимист. Познат лидер од историјата кој бил Стрелец е Винстон Черчил, а исто така и Јосиф Висарионович Сталин.

Близнаците се на чело на 17 земји. Типично за овој знак е неговата разноликост и комуникативност, но често станува површен и непостојан. Џон Кенеди, Муамер Гадафи и Че Гевара се познати лидери од овој астролошки знак во минатото.

Има 16 Ракови на чело на светските држави и влади. Типичниот Рак е интуитивен и имагинативен, но честопати е премногу чувствителен. Далај Лама и Нелсон Мандела се претставници на овој знак.

Овновите владеат во 15 земји, а меѓу нив е и првиот доживотен претседател на Северна Кoреја, Ким Ил-сунг. Типичниот Овен е предводник и ентузијаст, но исто така е и многу себичен, невнимателен и брзо избувнува. Адолф Хитлер е незаобиколно име кога се зборува за претставници на овој знак од минатото, како и наследникот на Сталин, Никита Хрушчов.

Исто така и Рибите се главни во 15 земји, а меѓу најмноќните владетели од овој знак е и Кралицата Викторија. Типични Риби обично се идеалисти и мрзеливи, но длабоко во себе, тие се чувствителни и сочувствителни. За овие луѓе често се вели дека имаат и своја „темна страна“, па вреди да се знае дека Осама бин Ладен е еден од претставниците на овој зодијачки знак, исто како и реформаторот на комунистичката Русија, Михаел Горбачов.

Водолиите се на чело на 14 земји, а познато е дека многу од поранешните американски претседатели биле претставници на овој знак, меѓу кои и Абрахам Линколн. Типичната Водолија е инвентивна и интелектуална, но и непредвидлива и спротивставена. Во овој знак се родени уште Ким Јон Ил, Николае Чаушеску, Николас Саркози, Роналд Реган и Борис Јелцин.

И Јарците се лидери на 14 земји, а меѓу најмоќните беше и Мартин Лутер Кинг. Типичниот Јарец може да го окарактеризираат како безволен, но всушност е многу дисциплиниран и амбициозен.

Моќните Бикови владеат во 13 земји, при што типичниот Бик е упорен и решителен, но и љубоморен и посесивен. Меѓу поранешните светските лидери, Бик е Садам Хусеин.

Меѓу историските лидери Ваги е Ганди, а тие денес владеат во 13 земји. Типичната Вага е идеалист и мирољубива, но некои ја сметаат за лековерна и себична.

Меѓу моќните Девици е сирискиот претседател Башар ал-Асад, а тие владеат со 12 светски држави. Типичната Девица е практична и ажурна, но во лошите денови е несмасна, конзервативна и подготвена за критикување.

Прегледи:
498
Објавено на:
05.02.2016