Која е beuaty рутината на прекрасните парижанки

Постои причина зошто французите го создале поимот ‘je ne sais quoi’. Многу е едноставно, затоа што понекогаш е тешко да се опише како се убави без посебен труд и напор.

 Кога ќе се спомене името на главниот француски град – Париз, веднаш се добива идеа за совршено идилично место каде убавината едноставно е насекаде а сето тоа го надополнуваат префинетите париски дами.

Тие секогаш изгледаат како да излегле од модно списание иако не се трудат воопшто да изгкедаат така, нивната грациозност и негуван изглед се главната причина зошто тие се поим за убавина ширум светот. Доколку и вие сакате да бидете како нив, ви откриваме неколку едноставни правила кои парижанките секојдневно ги применуваат.

1.Црвен кармин – црвените усни се идентитетот на парижанките иако некогаш тие биле познати по гламурозниот cat eye. Доколку сакате да изгледате убаво и средено не ви се потребни неколку часа во правење на иделане makeup изглед, наместо тоа добро средените веѓи и црвениот кармин ќе ја завршат цела работа.

2.Бујна здрава коса – парижанките особено водат грижа за својата коса. Тие не користат десетици производи за нега и обликување. Нивната коса секогаш изгледа волуменозно, сјајно и здраво а тоа се должи на природниот начин на сушење на косата без употреба на дополнителни алатки.

3.Негувана кожа- париските дами водат особена грижа за својата кожа. Тие никогаш не легнуваат со шминка и секогаш се придржуваат на својата рутина за правилно отстранување и негување на кожата со соодветните препарати. Во продолжение ви споделуваме видео во кое ќе ги откриете сите тајни на француската убавина.




Коментари

коментари