Која е вистинската причина зошто малиот Кевин остана сам дома?

Иако филмот “Home Alone” сте го гледале повеќе пати, сигурно не сте приметиле еден детал во филмот кој може да промени се.

Како што на сите ни е познато, поради прекинот на електричната енергија, семејството не се буди на време, поради што сите брзаат да стигнат на време на аеродромoт. Во тоа брзање, Кевин останува сам и мора да се бори против крадците.

Имено, еден корисник на Reddit тврди дека постои еден детал од филмот, што е всушност вистинската причина зошто Кевин бил оставен во домот од страна на неговите родители.

Според него, активностите на таткото на Кевин од претходната ноќ доведуваат до тоа Кевин да остане сам дома. Имено,таткото на Кевин ја фрлил авионската карта на Кевин во канта за отпадоци, заедно со влажните марамчиња кои ги искористил за да го исчисти истуреното млеко. По тоа, можеме да заклучиме дека Кевин без авионскиот билет не би ни можел да патува.

Други корисници пак посочија дека неговиот татко намерно го фрлил неговиот билет во кантата за отпадоци, со цел подоцна да ги прати крадците да одат во неговата куќа и да го убијат Кевин.

 




Коментари

коментари