Колку родители денес би напишале вакво писмо до учителот на своето дете?

Прочитајте го писмото што Абрахам Линколн му го напишал на учителот на првородениот син, непосредно пред да го испрати во училишните клупи. Колку родители би го напишале ова писмо денес? Да се ​​биде едукатор е еден од најубавите и најважни задачи. 

Денес мојот мал син за прв пат оди на училиште – и сè ќе биде чудно и ново за него некое време, и затоа би сакал да бидете нежен кон него. Тој минува низ авантура која може да го однесе на сите континенти и која најверојатно ќе биде проследена со војни, трагедии, страдања. Таквиот живот ќе бара живот, љубов и храброст.

Затоа, мојот драг учител, ве молам, земете го за рака и научете го она што тој мора да го знае. Научете го, но на благ начин, ако можете. Научи го дека на секој непријател доаѓа и еден пријател. Ќе мора да научи дека не се сите луѓе праведни и искрени. Но, исто така, научете го дека на секој лош, доаѓа по еден херој, по секој расипан политичар доаѓа посветен лидер.

Да го научите дека десет заработени центи вредат повеќе од еден случајно пронајден долар, дека во училиште подобро е да греши отколку да мами. Научи го достоинствено да губи и да ужива во победатаНаучете го да биде внимателен со оние кои заслужуваат, а непопустлив со грубите. Научете го веднаш дека е најлесно да ги совладате насилниците.

Одвратете го од завист доколку можете и научете го на тајната на спокојната насмева. Научете го, ако можете, како да се насмее кога е тажен, научете го дека солзите не се срамни, научете го дека славата може да се постигне и во поразот, а очај во успехот.

Научете го да не обрнува внимание на циничните луѓе. Научете го да верува во сопствените идеи, дури и тогаш кога сите му кажуваат дека се погрешни. Обидете се да му дадете снага на мојот син да не ја следи толпата кога сите тоа го прават. Научете го да ги илуша сите, но исто така, да го задржи за себе само она што ќе помине низ ситото на вистината.

Научете го да ги продаде своите таленти и мозоци на најдобрите понудувачи, но никогаш да не го продаде неговото срце и душа. Нека има храброст да биде нетрпелив, нека има трпеливост да биде храбар.Научете го дека секогаш да има возвишена вера во себе, бидејќи на тој начин секогаш ќе има возвишена вера во човештвото и во Бог.

Ова е големо барање, но размислете што можете да направите. Тој е толку драго мало момче, и тој е мој син. “




Коментари

коментари