Категории

Колоритна и носталгична – колекцијата на Versace за есен 2018

За сезоната есен 2018, Донатела Версаче одлучи да си поигра со боите и дезените продолжувајќи ја веќе започнатата колоритна рапсодија со која ја одбележа и пролетната ревија одржана во септември.

Колекцијата е доста екцентрична а како главна инспирација на дизајнерката и послужија колекциите на брендот од минатото кои ги креираше самиот Џани Версаче. Сплотувајќи ги ретро и сегашните трендови во комбинација со впечатливите препознатливи аксесоари кои се провлекуваат во речиси поголемиот дел од колекциите на брендот, оваа колекција изобилува со елегантни и спортски парчиња.

Како и што самата Донатела изјави, пролетната и есенската колекција се ода на корените на луксузната модна куќа кои го истакнуваат значењето на семејството Версаче и нивното наследство.

Прегледи:
324
Објавено на:
14.12.2017