Колоритна и забавна – новата колекција на Puma

После успешната соработка со Ријана и германскиот спортски бренд Puma кој со оваа колаборација одлучи да се репозиционира на пазарот како и онаа со Кара Делевин и Кајли Џенер новата соработка која ја оствари е со познатата дизајнерка Софиа Вебстер.

Позната по својата шарена естетика, впечатливи дезени и женственост која се истакнува, таа создаде специјална линија за спортскиот бренд во која повторно го пренесе својот препознатлив стил. Деталите како пеперутки кои воедно се нејзини омилени повторно доминираат и во оваа колекција во склоп со неонските силни бои кои даваат нова димензија на целокупниот спортска естетика. Колекцијата се очекува да биде достапна овој месец во официјалните продавници на брендот и дизајнерката.




Коментари

коментари