Комбинација на бела, црна и сива боја за елегантен изглед секој ден

Комбинацијата од црна, бела и сива боја е моден евергрин со бесконечен стилски рок на траење. Ако се одлучите за основни еднобојни парчиња облека, тие комбинации може да ги носите во било која пригода и во нив никогаш нема да бидете непримерно облечени.

Женственоста и романтичноста нагласете ја со лепршави ткаенини и волнени облеки. Ако сакате да носите црно-бела комбинација, одлучете се за едноставни комбинации во пруги кои можете да ги носите неколку сезони, а да не делувате досадно за околината.

Доколку сакате да бидете во тренд, облечете се во точки или коцки. За гламурозен впечаток на крај зачинете го изгледот со црвен кармин.

 




Коментари

коментари